НЕШТА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

ЗА НАС

,,АКРОН” Д.О.О Скопје веќе 19 години успешно се занимава со изработка на вградени плакари, преградни лизгачки врати, утилити простори по Ваша мерка и барање.

Професионален и стручен кадар

Во нашиот изложбен салон ќе ве пречекаат професионалци со долгогодишно искуство кои ќе ви помогнат во оформувањето на идејното решение на Вашиот плакар. Исто така ќе ви асистираат и при изборот на бои и материјали. На Ваше барање изработуваме нацрт со идејно решение за секоја ситуација. Слободно обратете нѝ се во салонот за совет како да го решите Вашиот простор за гардеробирање. 

Прецизно земање на мерки

Ѕидовите не се прави никаде: за успешна изведба на Вашиот вграден плакар потребни се прецизни мерки. Наши стручни лица излегуваат на терен опремени со специјална апаратура за мерење. Врз основа на земените мерки се изработува финалното решение според Вашите желби и потреби. 

Софистициран софтвер за проектирање

За проектирање и изработка на Вашиот плакар се користи специјализиран софтвер. Најважен елемент за еден производ да ги задоволи очекувањата на нашите клиенти е проектирањето. Поради тоа инвестиравме во софтверско решение кое ќе нѝ ја олесни работата и ќе ги намали можностите за грешка. 

Точни во испорака

Тајмингот е сѐ, и ние сме посебно горди на нашата терминска точност на испорака и монтажа.  Во рок од 10  работни дена од потпишување на Договорот за Нарачка во нашиот салон, Вашиот плакар ќе биде монтиран во Вашиот простор.
Вашиот производ ќе биде испорачан на договорениот датум, а професионално изведената монтажа ќе му го даде конечниот сјај.

саеми и награди

Нашиот тим

СИНХРОНИЗИРАНА ЕКИПА

Маја СтефановиќДипломиран Инженер
Јасна Ќортошева ДонковаДипломиран Инженер

веруваме во

НАШЕТО МОТО

ВЕРУВАМЕ ВО 100% ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ, БИДЕЈЌИ СЕКОЈ МИЛИМЕТАР Е ВАЖЕН.