ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ

ГАРАНЦИСКИ УСЛОВИ

Пороизводителот гарантира за исправноста на производот во гарантниот рок. Сите грешки кои потекнуваат од грешка во материјалот, изработката или монтажата на производот, производителот ќе ги отстрани во гарантниот рок на своја сметка.

Гаранцијата се однесува на сите подвижни делови на плакарот, неговата конструкција и механизми, во согласност со препораките за употреба на производителот.
 
Производителот се обврзува да ја отстрани рекламацијата во рок од 5 работни дена од денот на прием на рекламациски записник, за физичка интервенција на производот, односно до 30 дена за промена на материјален дел на производот.
При пријава на рекламација, молиме неведете број на купопродажен договор и година на купување на производот.

Гаранцијата не опфаќа физички оштетувања настанати после технички прием на плакарот во исправна состојба.

Молиме следете ги упатствата за употреба. Гаранцијата не опфаќа грешки во функционирањето настанати поради неправилнио користење на плакарот, преоптоварување, нечистотии, примена на сила и слично.

Трошоците за отстранување ВОНГАРАНЦИСКИ РЕКЛАМАЦИИ ги сноси купувачот.

Упатство за употреба

Честитаме на изборот на АКРОН плакарите, производи направени според Вашиот простор и прилагодени на Вашите желби и потреби.

Очекуваме да имате долгогодишно задоволство во користење на нашите производи следејќи ги овие едноставни упатства:

    * Производот е наменет за употреба во внатрешни услови, при релативна влажност од 35-75%, и температурен интервал од 5 до 40 C.

    * Изложување на производот на директна сончева светлина не е препорачливо. 

    * Производот не е наменет за употреба во отворени простории (тераси, баџи), подрумски простории и слично, односно не смее да биде во директен контакт со вода.

За долгогодишна функционалност и добар изглед на производот следете ги следните упатства:

    * макс. оптеретување на полиците – 10кг

    * макс. оптеретување на фиксни оклагии – 15кг

    * макс. оптеретување на лифт-оклагии – 10кг

    * наслонување на вратите не е препорачливо

    * одржувајте ја долната шина чиста, поради нечистотии на долната шина може да дојде до излегување на вратата од шина.

    * површините на плакарите чистете ги со влажна крпа или со благ раствор на средства за чистење. Стаклените површини и огледалата чистете ги со соодветно средство за стакла.


    * при чистење на плексиглас Ве молиме користете мека крпа, плексигласот е подлежен на лесно гребење.

Најчести проблеми

Вратите не затвораат
Променете ја позицијата на вратите (левата-десно, десната-лево). Секоја врата е подесена да затвара на својата страна. Промена на распоредот може да направи проблем. 

Вратите не лизгаат добро
Проверете дали вратата е излезена од шина. Тркалцата од долните механизми треба да лизгаат во жлебот од долната шина. Проверете дали тркалцето е излезено до шина. Проверете дали имa нечистотии во доланата шина. Проверете дали нешто го попречува движењето на вратата.
 
Доколку со следење на овие инструкции не го решивте проблемот ве молиме јавет се во АКРОН.

Разгледајте го нашиот каталог

Идеи за вградени плакари на едно место.